logo
logo
logo

„Најтажната принцеза“ се опоравува од тешка инфекција: Ќе останам овде, не можам да го форсирам враќањето назад

Vecer | 04.08.2021

„Најтажната принцеза“ се опоравува од тешка инфекција: Ќе останам овде, не можам да го форсирам враќањето назад

Принцезата Шарлин (43) се омажи за принцот Алберт Втори од Монако (62) и ја доби титулата најтажна принцеза. Таа ретко се смее јавно и се чини дека ќе заплаче во секој момент.

Јавноста беше загрижена бидејќи принцезата веќе некое време не се појавува никаде, а таа се обиде да ја објасни причината зошто.

Имено, таа е во Јужна Африка од мај, откако се разболе од тешка инфекција на увото, носот и грлото, што ја спречи да лета. Во интервју за Јужноафриканското радио 702, Менди Винер рече дека не може да го форсира своето опоравување и дека ќе мора да остане во Јужна Африка уште три месеци.

- Требаше да останам овде 10 до 12 дена, но докторот ми кажа дека имам воспаление на синусите и тоа доста сериозно. Потребно е долго време да се реши овој проблем - открила таа во интервјуто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk