Најскапото чоколадо во светот е изложено на саем во Португалија!

Чоколадата во облик на дијамант влегла во Гинисовата книга на рекорди како најскапа во светот

Ограничениот примерок содржи 1.000 бомбони по цена од 7.728 евра парче, за што оваа драгоценост ја чуваат двајца чувари.

Секоја бомбона е прекриена со злато кое се јаде, а полнета е со најскапи зачини: шафран, бел тартуф, ванила од Мадагаскар и златни ливчиња.

Креатор на чоколадото, Португалецот Даниел Гомез, изјавил дека чоколадата во облик на дијамант влегла во Гинисовата книга на рекорди како најскапа во светот.

Инаку, кутијата во која е чоколадата има облик на круна и украсена е со 5.500 Сваровки кристали.

Поврзани

Најнови вести

Коментари