Најмладиот син на Род Стјуарт ИТНО ПРЕНЕСЕН ВО БОЛНИЦА откако колабирал на натпревар

Музичарот Род Стјуарт за магазинот „FourFourTwo“ изјавил дека неговиот најмлад син Ајден Патрик (11) бил итно пренесен во болница откако колабирал на фудбалски натпревар.
– Бевме убедени дека имал срцев удар. Тој помодре и беше во несвест. Беше страшно, но, за среќа, на крајот испадна дека е напад на паника. Тој само сакаше да биде најдобар“, изјави Род.
– Уште едно момче падна на натпреварот и ја повреди главата и се уште не е добро. Во сите мои денови кога гледав фудбал, тоа беше единствениот пат кога беа повикани дури две амбулантни возила – додаде тој.
На крајот се испостави дека станува збор за напад на паника, кој, според Националната здравствена служба, може да трае од 5 до 20 минути. Понекогаш тие можат да траат и до еден час.
Пејачот има уште седум деца со Ејден, а неговиот син Шон неодамна исто така беше итно пренесен во болница откако во него удри камион. Шон целосно се опорави.
Фото: принтскрин 24сата.хр