logo
logo
logo

Најбизарниот детаљ од животот на Гејтс: Неговата сопруга му дозволувала да поминува викенд со неговата поранешна девојка секоја година

Vecer | 06.05.2021

Најбизарниот детаљ од животот на Гејтс: Неговата сопруга му дозволувала да поминува викенд со неговата поранешна девојка секоја година

Иако се оженил со Мелинда, милијардерот Бил Гејтс секоја година поминуваше долг викенд во удобна куќа на плажа во Северна Каролина со неговата поранешна девојка Ен Винблад, пренесуваат странските медиуми.

Еднаш годишно, тие уживаат во прошетки на плажа и други активности заедно, а доста време поминувале и во научни разговори, читајќи книги и гледајќи филмови.

Милјардерот и основач на „Мајкрософт“ се погрижил бизарниот договор да биде дел од предбрачниот договорот кога се оженил со Мелинда во 1994 година, изјавил за магазинот „Тајм“ во 1997 година.

„Можевме да играме видео игри додека зборуваме за биотехнологија“, рече Гејтс за своето приватно бегство со својата поранешната девојка Ен Винблад.

Гејтс дури и побарал одобрување од Ен пред да ја запроси својата сопруга.

„Кога размислував да се омажам за Мелинда, ја повикав Ен и ја прашав за одобрување“, рече Гејтс и додаде дека Винблад му дала благослов.

И Винблад исто така се потсети како го „одобри“ нивниот брак.

„Реков дека ќе му одговара затоа што таа има интелектуална сила“

Гејтс, кој на Твитер во понеделникот објави дека со својата сопруга се разведуваат по 27 години брак, откри дека тој и неговата поранешна девојка Ен започнале да одат на патување еднаш годишно уште откако започнале да се забавуваат во 1984 година.

Тие двајца се запознале на компјутерска конференција.

Блиската двојка продолжила да патува заедно дури и по раскинувањето во 1987 година, кога Винблад (70), која е пет години постар од Гејтс, наводно била подготвена да се смират.

На овие патувања уживаа возејќи или шетајќи на плажа.

„Разменуваме мисли за светот и за нас“, изјави Ен за списанието.

За време на интервјуто, Гејтс сè уште имал фотографија во неговата канцеларија со неговата поранешна девојка и од нивното патување во Германија.

Меѓу ретките фотографии на неговиот работен простор беше и фотографијата со Мелинда и пријателите од патувањето во Индонезија во 1995 година.

Гејтс и Винблад ја започнаа романсата со виртуелни средби. Тие беа во различни градови, но во исто време одеа да го гледаат истиот филм, а потоа разговараа за тоа на телефон.

Ен Винблад во минатото основаше компанија за софтвер, со уште неколку други лица, а потоа ја продаде и се здружи со пензионираниот НБА играч Џоно Хантер, со кого започна бизнис. Таа управуваше со бројни компании во Силиконската долина, а веќе 32 години е во "Hamer Vinblad venttures partners".

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk