logo
logo
logo

Кралското семејството објави ФОТО: Ова е надгробната плоча на Кралицата Елизабета Втора

Vecer | 24.09.2022

Кралското семејството објави ФОТО: Ова е надгробната плоча на Кралицата Елизабета Втора

Кралското семејство објави фотографија од надгробната плоча на кралицата Елизабета Втора, која по повеќе од 70 години на британскиот трон почина на 8 септември 2022 година.

Фотографијата што ја објавија на Твитер го покажува името на Елизабета врежано во каменот над името на нејзиниот сопруг принцот Филип, кој почина минатата година.

„По погребот на нејзиното височество кралицата Елизабета, беше поставена надгробна плоча во меморијалната капела на кралот Џорџ Шести. Спомен капелата се наоѓа во ѕидовите на капелата Sent George во Виндзор“, напишаа тие.

Во истата гробница почиваат и родителите на кралицата, нејзиниот татко, кралот Џорџ VI и кралицата мајка.

Фото: Профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk