logo
logo
logo

На Шакира ќе ѝ се суди за даночна измама, обвинителството бара осум години затвор

Vecer | 27.09.2022

На Шакира ќе ѝ се суди за даночна измама, обвинителството бара осум години затвор

45-годишната пејачка на хитот Hips Don't Lie, чие полно име е Шакира Изабел Мебарак Рипол, ја отфрли спогодбата во јули и ќе мора да се појави на суд, кој може да ја осуди на осум години затвор. Судот Esplugues de Llobregat одлучи да го започне судењето, а датумот ќе биде одреден подоцна.

Обвинителот бара осумгодишна затворска казна за пејачката, која е обвинета дека не платила даноци од 2012 до 2014 година, при што пејачката тврди дека водела номадски начин на живот поради „работни потреби“.

Шакира минатата недела вети дека ќе се бори против, како што рече, лажните обвинувања од шпанските власти. Таа тврди дека ги платила сите обврски кон шпанските даночни власти пред да биде поднесена тужбата против неа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk