logo
logo
logo

На концертите на Тејлор Свифт публиката носи пелени (ВИДЕО)

Vecer | 01.06.2023

На концертите на Тејлор Свифт публиката носи пелени (ВИДЕО)

Многумина тоа го открија на социјалната мрежа TikTok каде ги споделија своите искуства.

„Колку бев под стрес и колку време ми требаше да набавам карти... Купувам пелени за возрасни бидејќи не планирам да пропуштам ни минута од концертот“, откри еден корисник. Друга покажа како се мачела да ја повлече пелената под златниот фустан.

„Никој не знае дека носам пелена поради ова“, изјавила друга обожавателка која се снимала на концертот. Еден од нив присуствувал на настапот на Свифт на дожд и напиша: „Осипот од пелената и потечените стапала вредеа за моментот кога Тејлор гледа директно во нас“.

@sillygrlera the diaper rash and trench foot was worth this moment of taylor looking right at us💕 #delulu #taylorswift #erastour #foxboroughnight2 #gillettestadium #gilletten2 ♬ original sound - caylee

Инаку, песната You're Losing Me на мегапопуларната Тејлор Свифт, која сè уште не е ни објавена на стриминг сервисите, е во тренд на TikTok и стана една од најпопуларните песни во моментов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk