logo
logo
logo

НА КОГО ЌЕ ПРИПАДНЕ ЦЕЛИОТ ИМОТ ПОСЛЕ РАЗВОДОТ?!: Еве што Душко и Јелена СТЕКНАЛЕ ВО БРАК до сега, ова се ЦИФРИТЕ И НЕДВИЖНОСТИ

Vecer | 05.07.2022

НА КОГО ЌЕ ПРИПАДНЕ ЦЕЛИОТ ИМОТ ПОСЛЕ РАЗВОДОТ?!: Еве што Душко и Јелена СТЕКНАЛЕ ВО БРАК до сега, ова се ЦИФРИТЕ И НЕДВИЖНОСТИ

Бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ е завршен после 14 години заеднички живот.

Откако Јелена објавила на социјалната мрежа Инстаграм, “целиот брачен имот препишан е на заедничките деца“, а старателството и припаднало на Карлеуша.

Како што порано пишувало, воглавно се што брачниот пар стекнал за време траење на бракот, се дели на пола. Тошиќ заработувал енормни суми, откако стапил во брак со Јелена Карлеуша.

Прво играл за репрезнтацијата на Србија, потоа преминал во Црвена Ѕвезда, а од Ц.Ѕвезда преминал во турскиот клуб Генчлербирлиги. Покрај останатите клубови, Душко најголем успех како и заработувачка остварил во турскиот клуб Бешекташ во кој играл од 2015 до 2018 година.

Спрема пишување на некои медиуми, за овие три сезони во познатиот клуб, Тошиќ заработувал 1.250.000 евра годишно, што од золемување во однос на дотогашните 900.000 евра, а имал и бонуси од 4.000 евра за секој одигран меч.

После големиот успех во овој клуб, Душко преминал во кинескиот – Гуагдџоу Р&Ф, каде што бил многу повеќе платен. Имено заработувал 5.800.000 евра по сезона, како што пишувале домашните медиуми, со тоа станал најплатен српски фудбалер.

Кога би се собрале само приходите од овие два клуба, без земање во обзир предходната заработувачка, бонуси, премии, како и издатоци за клубот, менаџери и останати трошоци кој фудбалерот реално ги имал, Тошиќ во период од 2015 година да до 2020 заработил невероватни 18 милиони и 750.000. По таа претпоставка на Јелена би требало да и припадне половина од оваа сума, која изнесува нешто повеќе од девет милиони евра.

Брачниот пар Тошиќ поседува неколку недвижности и автомобили, кои во случај на развод можат да ги делат на идеална половина. Пред три години, медиумите објавиле дека брачниот пар купил вила од Драган Стојковиќ Пикси, лоцирана на Дедиње, врдна околу 3 милиони евра, која сеуште се средува.

Се шпекулира дека издвоил 300.000 евра за вила на Врачар, меѓутоа парот никогаш за имотот не зборувале јавно. Освен тоа, доколку ќерките на познатиот пар припаднат на мајката Душко би требал да плаќа алиментација во износ по кој ќе се договорат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk