logo
logo
logo

На ЈУтјуб каналот на Ѓорѓе Балашевиќ се појави над три часа материјал, фановите воодушевени

Vecer | 02.07.2022

На ЈУтјуб каналот на Ѓорѓе Балашевиќ се појави над три часа материјал, фановите воодушевени

Пред неколку дена на официјалниот YouTube канал на Балашевиќ е објавена голема компилација од песни. Трае повеќе од три часа, а обожавателите можат да ги слушнат оригиналните снимки на некои од најголемите песни на Балашевиќ, како и некои од малку занемарените хитови на покојниот кантавтор.

Комплијацијата започнува со песната Полуспаванка, а завршува со Регрутеска.

Речиси 13 илјади фанови на Балашевиќ ги преслушаа песните, а секако голем број од нив ја преслушаа и целата компилација. Во коментарите го изразија својот ентузијазам и се согласуваат дека изборот на песни е идеален за летна вечер на Балаш.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk