Хосе Хернандез лекарите го реанимирале и денес ја дели својата приказна со светот.
Хозе Хернадез бил електроинженер и атеист. Но, сè се променило откако доживеал тешка сообраќајна несреќа удирајќи со својот камион во далновод. Имал тешка скршеница на ребрата, поради што не можел да дише, и три минути бил клинички мртов. Тој бил сместен на интензивна нега во најблиската болница, а никој, па ни лекарите не знаеле дали ќе преживее.
- Имав неподносливи болки и во очај почнав да барам од Бога да ми помогне. Му реков дека ќе се променам ако ме спаси. Стравот од смртта беше страшен и почнав да се прашувам: „што ако постои Бог?“. За време на клиничката смрт имав чувство дека поминав низ некаков тунел и се најдов на место каде светлината и боите беа неверојатни – го опишал Хозе своето искуство, а пренесува Дејли мејл.
Иако клинички бил мртов само три минути, му се чинело дека со часови го гледа своето безживотно тело.
- Сè во што верував беше уништено кога умрев. Науката немаше одговор. Не. Постоело уште нешто што е создадено. Моето очекување кога умрев беше дека нема да наидам на ништо и ќе се претворам во ништо. Сега почнувам да гледам работи кои се зачудувачки – додал тој.
Додека лекарите се обидувале да го вратат во живот, со целосно згмечени гради, Хозе гледал сè од другиот дел од собата. И тогаш, наводно, забележал сенка.
- Едноставно стоеше таму. Тогаш почнав да размислувам како имав тежок живот и дека можеби е во ред да се откажам. Штом го помислив тоа, сенката се помести. Во мислите можев да ја видам неговата рака како посегнува по мене, и ми го допре ножниот прст. Тој допир ми донесе огромно чувство на олеснување, релаксација, мир и љубов и смиреност. Бев во блаженство – изјавил Хозе.
Сенката му упатила зборови со утеха додека преминувал на „другата страна“.
- Потоа гласот ми рече: „Во ред е, време е да продолжиме понатаму“. Откако почувствував како пропаѓам низ тунел или црна дупка, одеднаш се најдов во простор со светла, топла, шарена светлина. Светлината ми се чинеше како жива и ми даде неверојатно чувство на мир и спокој. Се поврзав дури и со мојот покоен татко – додал тој.
Како што раскажал, се чувствувал како да лета над прекрасен, зелен пејзаж сличен на Земјата, каде дознал дека ќе може да бдее над своите деца од ова небесно духовно царство. Таму се смирил и со неговиот починат татко.
- Со татко ми имавме тежок и комплициран однос. Имавме многу конфликти и не се сеќавам дека некогаш во животот сум му рекол „те сакам“, или тој мене. Но, сето тоа се промени кога повторно се сретнавме во ова небесно царство. Откако ме вратија во живот, никогаш повеќе не бев истата личност, станав верник – изјавил Хозе.
Говорејќи за тоа како станал атеист, Хозе признава дека тоа било компромис помеѓу уверувањата на татко му и тие на мајка му.
- Имав личен конфликт. Мајка ми беше католик, а татко ми Индијанец. Мајка ми велеше – оди, најди го Бога во црквата, а татко ми велеше - погледни низ прозорецот. Бог е насекаде, нели? Помеѓу сето тоа избрав да верувам во науката и станав атеист – додал тој.
Хозе признал дека повеќе не се плаши од смртта, која веќе ја доживеал, бидејќи знае што се случува откако ќе се почине.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата