logo
logo
logo

На денешен ден во 2001 НЕ НАПУШТИ ВАСКА ИЛИЕВА

Vecer | 04.05.2021

На денешен ден во 2001 НЕ НАПУШТИ ВАСКА ИЛИЕВА

Најлегендарната македонска пејачка Васка Илиева почина на денешен ден 4 мај 2001 година.  Илиева се смета за доајен на македонската народна песна.

Зад себе остави богато културно и духовно наследство. Во нејзина чест, а по повод 10 години од нејзината смрт, беше организиран и одржан концерт во Македонската опера и балет, на кои концерт настапија познати музички имиња, како и нејзиниот наследник Сузана Спасовска.

Родена во скопската населба Чаир на 21 декември 1923 г. во семејство на музичари. Нејзиниот татко, Тодор Бошков Велков, бил познат гајдаџија. Васка Илиева својата музичка кариера ја започнува пред 1950 г. во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“. Поради ненадминатиот стил на пеење и неповторливиот глас, Васка Илиева многу брзо станува многу популарна и настапува на безброј концерти, не само во татковинатa, туку и во тогашна Југославија, како и секаде во светот каде што живеат Македонци.

Станува препознатлива со песните: „Земјо македонска“, „Имала мајка“, „Излегол Невен Пејо“, „Аир да не сториш мајко“, „Сестра кани брата на вечера“ и многу, многу други. За време на долгата музичка кариера, во Република Македонија и насекаде по светот каде што живеат Македонци ја нарекуваа „Жива легенда“ на македонската народна песна, „Кралица на македонската народна песна“, како и „Амбасадор на македонската народна музика“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk