logo
logo
logo

НА БРЕНА И БОБО ИМ СЕ ЗАКАНУВА ЗАГУБА ОД ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА: Испливале детали од тужбата која ја поднел нивниот кум

Vecer | 25.10.2021

НА БРЕНА И БОБО ИМ СЕ ЗАКАНУВА ЗАГУБА ОД ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА: Испливале детали од тужбата која ја поднел нивниот кум

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ завршиле на суд и тоа по тужба поднесена од нивниот семеен пријател и кум Алекдандар Винчиќ, а се однесува на зеднички бизнис – производство на вино.

Соработникот на пејачката и тенискиот ас не сакал повеќе да соработува со нив, поради што си го бара својот удел кој наводно изнесува половина милион евра.

Брена и Бобо уште во 2018 година заедно со кумот започнале бизнис производство на бело вино, а судејќи по се, работата добро им тргнала и не чекале долго на вистинска заработка. Освен продажбата, набрзо почнале да учествуваат на разни фестивали наменети за пијалаци од грозје и да освојуваат признанија, со што бизнисот уште повеќе се развил во наредниот период.

Бидејќи работата добро им тргнала Брена и Бобо имале доста нови идеи за развој на овој бизнис. Меѓутоа некои од нив не му се допаднале на Винчиќ, па им сугерирал да забават, но бидејќи не се откажувале, им рекол дека без негова дозвола не можат да продолжат, поради што започнале и првите несогласувања. Кумот им предложил компромис, но Живојиновиќи не се согласиле, поради што одлучил да излезе од бизнисот, со тоа што да му исплати за се што тој вложил, односно околу половина милион евра, пишува Курир.

Инаку, Бобо и Александар започнале пред три години бизнис, а Живојиновиќ за кумот секогаш зборувал во суперлатив...

- Наш пријател и сопственик на винарија е иницијатор на целата приказна. Подоцна станавме и кумови, мојот син Стефан го крсти неговиот син, тој е исклучиво вреден човек и можеби најголем производител на вина на овие простори. Доста сме препознатливи на нашиот пазар, и не само во Србија, туку и во Црна Гора, Хрватска а не има и во Словенија, раскажал Бобо за време на промоцијана вино, а потоа е откриено дека во Дивош купиле земјиште од 1.53 хектари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk