Актерката Сара Хајланд (30) е добро позната по улогата на Хејли Данфи во серијата „Модерно семејство“, која гледачите ширум светот ја обожаваат поради нејзиниот урнебесен карактер.

Во реалниот живот, Сара е сосема поинаква, и таа секако стои меѓу најхрабрите ѕвезди во Холивуд поради сето она што го поминала.

Таа уште од раѓање се бори со дијагноза наречена дисплазија на бубрезите, што значи дека нејзините бубрези се недоволно развиени за да ја извршуваат својата функција во доволен степен. Поради се во 2012 година, нејзиниот татко и донираше бубрег.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Hyland (@sarahhyland)

Во интервју за „Селф“, Сара откри дека времето на опоравување по трансплантацијата било исклучително тешко и дека смета дека тој период е период што ја зајакнал повеќе од било што друго

Иако изгледаше подобро, по неколку години, телото на актерката Сара Хајланд од серијата „Модерно семејство“ го одби бубрегот и таа мораше повторно да оди под нож.

“Лекарите и јас се надевавме дека ќе го решиме проблемот со дијализа и со инсталирање на приклучок во градите со кој се прави дијализа. Сепак, беше потребен нов бубрег”, откри Сара.

По шест месеци откриле дека нејзиниот брат Иан исто така бил соодветен донатор и дека овој пат тој и го дал својот бубрег. Оваа трансплантација и била многу полесна, како и нејзиното закрепнување, но таа морала повторно да оди во болница неколку месеци. Имено, и била дијагностицирана ендометриоза на матката и јајниците и морала итно да се оперира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Hyland (@sarahhyland)

Во своите 30 години имала дури 16 операции, а повеќе од 10 додека ја снимаше популарната серија.

Нејзините колеги едногласно ја карактеризираат како силна и храбра жена која е пример и инспирација за луѓето ширум светот. Освен нив, Сара наоѓа голема поддршка и во својот вереник Велс Адамс, со кого се запозна само неколку дена по втората трансплантација на бубрег.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Hyland (@sarahhyland)