logo
logo
logo

На 11-годишниот син на Род Стјуарт му се слошило на натпревар, веднаш е хоспитализиран

Vecer | 07.12.2022

На 11-годишниот син на Род Стјуарт му се слошило на натпревар, веднаш е хоспитализиран

Момчето помодрело и колабирало, поради што имало сомневање за срцев удар.

"Бевме убедени дека има срцев удар. Тој помодре и беше во несвест. Беше страшно, но за среќа на крајот се покажа дека е напад на паника. Тој само сакаше да биде најдобар", изјавил Стјуарт за магазинот FourFourTwo.

„Уште едно момче падна и ја повреди главата на натпреварот и се уште не е добро. Во сите мои денови кога гледав фудбал, тоа беше единствениот пат кога беа повикани дури две амбулантни возила“, изјави ѕвездата.

Според NHS, повеќето напади на паника траат помеѓу пет и 20 минути, иако тие можат да траат и до еден час.

Пејачот со сопругата Пени Ланкастер Стјуарт го има синот Ејден, а има и уште седум деца. Неодамна ја сподели тажната вест дека неговиот брат Боб починал, само два месеци откако го изгубил другиот брат Дон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk