logo
logo
logo

Музичко-модниот пакет на Star Boy промовиран и во Монте Карло

Vecer | 24.09.2021

Музичко-модниот пакет на Star Boy промовиран и во Монте Карло

Ванчо Пашалиски или Johny Star ака „StarBoy“, како што му е уметничкото име, кон крајот на минатата година ја презентираше својата работа преку проектот: три траки – три видеа кои сега се најдоа меѓу 8-те теми на неговиот деби албум. Патем, тој ja најави и модната линија наречена „Royalty Paris“ од која едно парче во вид на црна маичка е дел од неговиот музичко-моден пакет наречен „Infinity Box“ кој Македонецот од Париз неодамна го промовираше во европската  колепка  на раскошот и луксузот Монте Карло.

„Музичко – модниот пакет“ на Star Boy содржи музичко ДВД, маичка од неговиот бренд, беџ и пет стикери.

Ванчо е еден од ретките Македонци кој е успешен и надвор од нашата земја, и не само на музички, туку и на моден план, а сето она што го работи може да се види и на неговата интернет страница каде меѓу другото може и да се набават посочените музичко-модни продукти.

[embed]https://youtu.be/BfbgmP6Ls-A[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk