Фолк дивата Лепа Брена (60) сигурна е дека создавање музеј во нејзина чест би била одлична идеја, со што на тој начин на помладите генерации ќе им покаже што се правела во повеќедецениската кариера.
Таа ги споменала и куклите со нејзиниот лик, кои некогаш наголемо се продавале.
- Задржав еден пакет Барбики кои ги чувам, бидејќи за мене имаат емотивна вредност - рекла Брена.
- Еден ден би сакала да направам музеј, кој ќе се вика : “Период и епоха на Лепа Брена“. Во него, покрај моите ќе се најдат и Лепе Бренице – истакнала таа.