logo
logo
logo

“Мустафа повеќе од ДВЕ ГОДИНИ НЕ ПЛАЌА АЛИМЕНТАЦИЈА“! Емина Јаховиќ открила горка вистина за бившиот маж

Vecer | 24.02.2021

“Мустафа повеќе од ДВЕ ГОДИНИ НЕ ПЛАЌА АЛИМЕНТАЦИЈА“! Емина Јаховиќ открила горка вистина за бившиот маж

Пејачката Емина Јаховиќ решила да прозборе за односот со бившиот сопруг, турскиот музичар Мустафа Сандал, и не крие дека долго молчела за детали кои ќе предизвикаат различни кометари.

- Мустафа повеќе од две години не плаќа алиментација за нашите синови Јаман и Јавиз. Сите обврски преминаа врз мене – истакнала Емина, која од Сандал се развела во 2018. година.

- Требаше да купи куќа во Белград но тоа не го направи. Исто така се договоривме да го покрива здравственото осигурување на децата. Ден кога најтешко се чуствував беше кога ги однесов децата на лекар и дознав дека здравственото осигурување не им е уплатено, додала Емина.

- Ако тој не сака да ги исполнува своите обврски, мислам дека своите причини треба да им ги објасни на своите деца а не мене. Ако децата сме ги донеле заедно на овој свет, должност ни е исто така и заеднички да се грижиме за нив – заклучила Емина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk