СЕ ОДРЖА ПРВАТА ВЕЧЕР
Music Awards Ceremony со признанија за најдобрите: Golden MAC за Констракта

Синоќа во белградската Штарк арена се одржа првата спектакуларна вечер од доделувањето на престижните награди Music Awards Ceremony 2023, која на едно место ги собра најголемите регионални музички имиња.
Домаќини на вечерта беа Јелена Гавриловиќ и Тончи Хуљиќ, а пред првото признание да отиде во рацете на Сајси МС која е прогласена за најдобра хип хоп песна, на сцената застана Сара Јо која ја отпеа најновата своја песна, а богами имаше и забележителен настап. Следуваше настапот на легендарните Рибља Чорба, кај чиј фронтмен замина наградата за кантавтор на годината. По легендарната рок група, пак, настапија Саша Матиќ и Јелена Розга, кои ја воодушевија публиката со својот дует, а го освоија признанието за соработка за темата „Ти и ја“.