logo
logo
logo

Мрачните тајни на Меган Маркл ги зачудија Британците!

Vecer | 29.09.2022

Мрачните тајни на Меган Маркл ги зачудија Британците!

Американката Меган Маркл, која се омажи за принцот Хари во 2019 година и за која од почетокот се сомневаа дека можеби не е вистинскиот избор за кралското семејство, беше убедена дека со стекнување на титулата од моќното семејство на Обединетото Кралство, ќе стане „ Британската Бијонсе“, но таа набргу откри дека ги мрази строгите правила на дворот, па сензационално ја напушти должноста војвотка од Сасекс, се тврди во новата книга „Дворјани: Скриената моќ зад круната“ од авторот Валентин Лоу.

Експлозивни пасуси од тоа дело објави британскиот „Тајм“ наведувајќи дека поранешната актерка се надевала дека сите ќе ја облетуваат, но се разочарала кога сфатила дека тоа е далеку од вистината.

Книгата, исто така, открива дека покојната кралица Елизабета Втора прва го прифатила напуштањето на должноста од страна на Меган и Хари, и тоа им го открила на другите членови на семејството на посебен самит во Сандрингем.

Лоу открива дека кралицата сакала сите четири кралски домаќинства да работат заедно со цел да се најде решение за новонастанатата ситуација и да се избегне скандал од големи размери.

Во следните денови се одржале состаноци во Кларенс Хаус, тогашниот дом на принцот Чарлс, а потоа разговорите се префрлиле во Бакингемската палата. Во нив бил вклучен бил и Сајмон Кејс, приватниот секретар на принцот Вилијам, а негова задача била да „посредува помеѓу завојуваните страни“. Разговорите вклучувале разгледување на пет можни сценарија, вклучувајќи по еден месец активности годишно за војводата и војвотката од Сасекс во склоп на семејството, или преземање само мал број ангажмани. Како дел од тие опции, би важеле општите правила за неносење одлуки за финансиска или материјална добивка, било за себе или за пријателите.

- Мислам дека Меган мислеше оти ќе биде Бијонсе од Велика Британија. Како дел од кралското семејство би добила популарност каква што ја има американската пејачка. Во меѓувреме таа откри дека во семејството постојат толку многу правила кои ѝ се смешни, но поради кои не може да ги прави работите што ги сака како приватно лице – посведочи поранешен инсајдер од палатата.

Инаку, Лоу открива и дека принцот Хари за идејата да го напушти Лондон со сопругата, прв му соопштил на својот татко Чарлс, и тоа преку е-пошта.

Покрај тоа, Лоу тврди дека Маркл се согласила на бомбастично интервју со американската новинарка Опра Винфри, во кое таа и нејзиниот сопруг Хари жестоко го нападнале кралското семејство, дури шест месеци пред да ја напуштат Британија.

- За време на австралиската турнеја, на Меган не ѝ беше јасно зошто мора да се насмевнува и да се ракува со луѓето. Мрмореше дека не може да верува оти ја принудуваат да го прави тоа без да ѝ платат – стои во книгата чии откритија продолжуваат да ја изненадуваат британската јавност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk