logo
logo
logo

Можете ли да погодите кои се славните мајки на овие пет манекенки?

Vecer | 27.09.2021

Можете ли да погодите кои се славните мајки на овие пет манекенки?

На овогодинешните есенски модни недели, неколку манекенки прошетаа по пистата кои ги бодреа нивните познати мајки од публика. Ќерките на познати манекенки, актерки и пејачки храбро тргнаа во својата пет минутна слава.

18-годишната Лила Роуз, ќерка на легендарниот супермодел Кејт Мос  тргна по стапките на својата мајка и прошета по пистата на модната недела во Лондон во креациите на Ричард Квин. Нивната сличност го привлече вниманието на многумина.

Ќерката на Синди Крафорд Каја Гербер веќе има големо искуство во манекенството. Таа е лице на модните ревии на најпознатите дизајнери секоја сезона, и често се појавува во нивните кампањи.

Систини Сталоне, ќерка на манекенката Џенифер Флавин и актерот Силвестер Сталоне, модната писта исто така не и е непозната. Носеше ревии на познати модни куќи како Шанел и Долче и Габана, а многумина истакнуваат дека многу личи на нејзината мајка.

Многумина велат дека Ирланд Болдвин е копија на нејзината мајка Ким Бесинџер . Русокоса Ирланд беше на модните ревии на модната недела во Њујорк, по што ги прозва хејтерите кои рекоа дека е „премногу дебела“ за тоа.

Ќерката на Мадона, Лурдес Леон  исто така влезе во манекенските води. Откако неодамна стана заштитно лице на модниот бренд на Ријана, Лурдес вчера прошета по пистата на Милано во новата колекција Версаче.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk