logo
logo
logo

Морган Фримен се најде на црната листа на Владимир Путин

Vecer | 22.05.2022

Морган Фримен се најде на црната листа на Владимир Путин

Морган Фримен е на црната листа на Владимир Путин.

Вашингтон пост“ пишува дека името на Морган Фримен е нешто изненадувачки меѓу сите сите политичари и наведуваат дека Русите во образложението навеле дека Фримен објавил видео во кое „ја обвинува Русија за заговор против САД и повикува на борба против нашата земја“.

Видеото е снимено во 2017 година во продукција на Комитетот за истрага на Русија(Committee to Investigate Russia). Во него, актерот алегорично, раскажувајќи за измислено филмско сценарио, зборува за политичкиот пат и подем на Владимир Путин, а споменува и како тој ги користи социјалните мрежи за да ја шири својата пропаганда.

Местото на таа листа објавена од руското МНР значи дека на споменатите 963 Американци не им е дозволен влез во Русија, а самата листа има претежно симболично значење. На листата се и Џо Бајден и Камала Харис.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk