Мојата ќерка е безобразна и дрска: Снежана Ѓуришиќ отворено за своите наследници, еве што вели и за синот...

Снежана Ѓуришиќ никогаш јавно не зборува за она што се пишувало за нејзиниот син Марко Гвозденовиж, дека е осомничен за разбојништво и напад на неа и за тоа дека побегнал од болница за лечење од алкохол.

Пеачката искрено вели дека не ги оправдува постапките на наследникот, но дека тој е нејзино дете и дека ќе биде со него до крај на животот иако ја болат многуте негови искажани зборови.

- Како може како мајка да не ме боли? Судбината е таква. Се бориме, а што ќе се случи тоа само господ знае. Но јас сум некој кој не е за таа замотана приказна, но сум за онаа дека тоа е мое дете и дека само јас можам да зборувам за него и никој друг. Не само дека не би требало, туку и дека ќе си добие по нос ако продолжи. Каков и да е тоа е мое дете, иако не е добар. Се што ќе направи во животот, како и сите луѓе, ќе си ја сноси одговорноста, како што законите налагаат. Но тоа не им дава за право никој да го навредуваат.

- Се борите против неговите пороци?

- И понатаму се борам и ќе се борам до крај на животот, додека имам сили, како и за се што сакам во животот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари