ПО 16. ПАТ

Моден викенд Скопје: #Stopthetraffik

По 16. пат Моден викенд Скопје ја најавува претстојната сезона и го доближува Скопје до модните трендови и тенденции, и тоа преку колекциите на дизајнерите за сезоната есен-зима/2017-18 кои ќе се прикажат во „Хотел Мериот Скопје" од 22 до 24 октомври. Затворањето на есенското издание на Моден викенд Скопје ќе се случи во „Иновативниот центар на Македонски Телеком" на 25 октомври.

Како секоја сезона така и оваа Моден Викенд Скопје ја испраќа својата порака кон јавноста со кампања која овој пат е #Stopthetraffik и #GlobalBlanket покрената од британската огранизација „STOP THE TRAFFIK". На Моден викенд Скопје во активностите ќе им се придружи и Националната Kомисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.

„Оваа порака директно се рефлектира на сите нас како потрошувачи на облека кои треба да ја подигтнеме свеста облеката која ја носиме да не е сработена од луѓе кои се експлатирани и злоупотребени во синџирот на трговија со луѓе. Или, како што би рекла британската модна дизајнерка Вивиен Вествуд, купувајте помалку, но одберете внимателно", велат организаторите на Моден викенд Скопје.

Заштитно лице на шеснаесеттиот Моден викенд Скопје е Викторија Ристовска од модната агенција „Подиум".

Поврзани

Најнови вести

Коментари