logo
logo
logo

Многу си гола за во авион ЌЕ МОРА ДА СЕ ОБЛЕЧЕШ (ФОТО)

Vecer | 17.01.2022

Многу си гола за во авион ЌЕ МОРА ДА СЕ ОБЛЕЧЕШ (ФОТО)

Американската манекенка и модна инфлуенсерка Оливија Кулпо доживеала вистинска непријатност кога се качила на авион на Американ Ерлајнс.

Кулпо била на аеродромот, на пат за Мексико, а вработена во споменатата авиокомпанија и кажала дека нејзината комбинација на облека - не е во согласност со кодексот на облекување на компанијата.

Набргу по овој настан, нејзината сестра Аурора се огласи на својот Инстаграм профил и бурно реагираше и го кажа своето мислење за целиот настан.

„Погледнете ја нејзината облека. Изгледа слатко, изгледа соодветно, нели? И велат дека мора да облече блуза, инаку не може да се качи во авионот. Кажете ми дека не е толку лошо“ рече таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk