logo
logo
logo

Митрик и Самарџиски со нова сезона од аудио-серијалот “ROOMANIA”

Vecer | 19.04.2021

Митрик и Самарџиски со нова сезона од аудио-серијалот “ROOMANIA”

Митрик и Самарџиски имаат нов микс за крај на првата сезона и повторно истиот е со мошне интересно име.

„Со нашиот микс ја затвораме првата сезона која ја нарековме “Пештера од раце” или “Cave of hands”, во која самиот дизајн и естетика симболизираат временска оддалеченост од живите клупски настани каде физичката блискост на диско подиумот и дигнатите раце беа синоним за добра забава. Во “Roomania”, презентираме еден специфичен електронски звук, едноставен, а сепак комплициран по својата едноставност, кој извира од романската модерна електронска сцена и доби големо признание последните години. Со секој од артистите правиме посебно интервју преку кое ги доближуваме читателите до музиката на артистот и општо до културата која ја презентираме“ , велат Митрик и Самарџиски.

Двоецот инаку дел од “Room 313” која промовира модерна електронска музика, што притоа ја прикачуваат на нивниот Soundcloud профил и е бесплатна, вели дека со тоа прави социјален импакт.

- Секој, колку сака и кога сака може да ги преслушува нашите изданија и да ги споделува на социјалните платформи. Во ова време на предизвици, секој заслужува да има малку простор за забава, (додека сите клубови се затворени) во своите домови и на места кои што се достапни, каде може да се слуша ново издаден квалитетен музички звук, дополнуваат на крајот, велат момците.

 

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk