logo
logo
logo

Мистер Бин се развел за 65 секунди, но тоа не е се

Vecer | 26.11.2022

Мистер Бин се развел за 65 секунди, но тоа не е се

Роуан Аткинсон (68), британски комичар и актер, е препознатлив по улогите на Мистер Бин и Црна гуја од истоимената серија која ја одбележа неговата кариера.

Но, освен по талентот, последниве години е познат и по приватниот живот, кој се обидуваше вешто да го сокрие од јавноста. За почеток, тука е неговиот развод.

И покрај тоа што тој сè уште е омилен комичар од различни генерации, неговиот живот дефинитивно не е толку смешен.

Комичарот се ожени за Сунетра Састра во 1990 година, а се запознале во доцните 80-ти кога таа работела како шминкерка на телевизијата Би-Би-Си.

Тие имаат две деца Бен и Лили, а нивната разделба беше повеќе од турбулентна.

Всушност, Роуан ја остави сопругата во 2014 година за друга жена, актерката Луиз Форд. Скандалот бил уште поголем, бидејќи споменатата актерка е 26 години помлада од него.

- Сунетра беше длабоко вознемирена бидејќи беше заменета со толку помлада жена - изјавил тогаш непознат извор за Sun.

После тоа тие брзо се разведоа, рочиштето траеше само 65 секунди, а разводот беше потврден од судот врз основа на наводното „неразумно однесување“ на Аткинсон, иако пред судот не беа наведени примери за тоа. На рочиштето не присуствуваа ниту Роуан, ниту Сунетра, кои поднеле барање за развод.

Неговата ќерка Лили толку многу му замерила на својот татко што ја оставил мајка си, а колку била повредена говори и фактот што решила на драстичен чекор и го сменила презимето од Аткинсон во Састра, презимето на нејзината мајка.

Интересно е што Лили тргна по стапките на својот татко и покрај тоа што не сака да се изложува на медиумите.

 

Уште како девојче добила улога во филмот „Tooth“, приказна за забната самовила која ги губи силите, а потоа со татко и ги снимила комедите „Мистер Бин на одмор“ и „Џони Инглиш“. Тоа беше и нејзината последна актерска работа бидејќи по неа младата Лили целосно се заљуби во кабаре.

Таа денес е успешен кабаре изведувач, има свое шоу, пишува песни, пее, глуми и слика, а од нејзиниот Инстаграм се гледа дека добро и оди.

Неговата сопруга по разводот се снајде добро, па таа остана во луксузна куќа во Лондон чија вредност се проценува на 21 милион фунти, додека Роуан се пресели во викендица вредна само 4 милиони фунти.

Аткинсон е еден од најбогатите актери во Велика Британија, со проценето богатство од 70 милиони фунти.

Во меѓувреме, Роуан стана татко по трет пат. Неговата партнерка Луиза Форд роди девојче Исла во 2017 година.

Извор: Курир

Фото: Профи/нетфликс принтскрин

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk