logo
logo
logo

Мишо Ковач итно е префрлен во болница

Vecer | 25.11.2021

Мишо Ковач итно е префрлен во болница

Пред два дена имал висока температура, но дури вчера дошла брза помош да го земе во Строжанац, каде моментално живее со сопругата Лидија во стан под кирија, јавува „Слободна Далмација“.

Лекарите се сомневаат дека е почеток на пневмонија. Мишо бил тестиран и за коронавирус, а наодите покажале дека и Лидија и тој биле негативни.

„Не можам да зборувам, не ми е добро“, кратко изјавила неговата сопруга Лидија.

Да потсетиме, Мишо на крајот на октомври заврши во болница, но по неколку дена лекарите решија да го пуштат на домашно лекување и дополнителни прегледи кои што биле неопходни за да се уверат во неговата здравствена состојба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk