logo
logo
logo

Мирјана Митрева - ново име на домашната музичка сцена: ВРЕМЕ е за свежа крв!

Vecer | 13.10.2021

Мирјана Митрева - ново име на домашната музичка сцена: ВРЕМЕ е за свежа крв!

Мирјана Митрева е ново име на домашната музичка сцена. Оваа 18-годишна девојка е едно од оние „нови деца“ која и животот и едукацијата, а веројатно професијата и ја посветила на музиката.  Младата кавадарчанка е ученичка во средното музичко училиште во Битола, а свири пијано и гитара и има настапувано на голем број државни и меѓународни натпревари по пеење, од каде се враќа со  успеси и освоени награди.

Својот музички и вокален талент Мирјана го пресликува во дебитантската песна „Вистина“ со која го прави првиот чекор на домашната сцена, зачекорувајќи во немирните естрадни води како соло пејачка.

Музиката и аранжманот на нејзината дебитантска песна се дело на гитаристот на „Браво бенд“ и професор по музика, Драган Илиев, додека стиховите ги напиша Борче Димитров.  Миксот и мастерингот на песната ги  направил Горан Гешовски.

Темата „Вистина“ наскоро  би требало да добие и свој видеозапис, а Мирјана има многу планови за во иднина. веќе е подготвена за снимање на нови песни и видеа, а можеби наскоро оваа млада кавадарчанка ќе ја видиме и на некој од домашните фестивалски сцени.

Во меѓувреме, преслушајте ја нејзината дебитантска поп/денс тема, со брз танцов ритам и стихови кои совршено се совпаѓаат со овие есенски, дождливи денови… За да дознете дека е „Вистина“ кога велат дека дождот има и свои убави страни.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=LYy3So6ZWdM&t=1s&ab_channel=MirjanaMitreva[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk