„Ќе имам само две деца“, вели Мила, која смета дека родителството станува многу потешко кога има повеќе деца отколку возрасни. “Во моментов, ние сме добро. Двајца, две деца. Слушнав дека преминот од две на три е многу тежок и заморен, а јас не го сакам тоа”, објаснила таа.

Мила претходно зборувала за предизвиците со кои се соочила кога ги балансирала кариерата и семејството и вели дека две деца се совршен број за нејзиното семејство. Така таа и Ештон завршуваат како и многу други семејства. Имено, претходното истражување спроведено на оваа тема покажува дека просечниот број на деца во едно американско семејство е точно две.

Мила Кунис е една од оние познати мајки кои не ги кријат предизвиците со кои се соочуваат секојдневно, ниту пак го разубавуваат мајчинството кое, како што вели, понекогаш знае да биде многу заморно.

„Мајчинството ми даде сосема нова перспектива. И покрај тоа што постојано сум исцрпена и за малку ќе паднам од умор, во исто време никогаш не сум била посреќна. Работите за кои претходно бев постојано несигурна и кои ме загрижуваа станаа неважни“, изјавила во една прилика и нагласила дека кон воспитувањето на своите деца пристапува особено внимателно. Таа и нејзиниот сопруг, како што вели, ги воспитуваат строго затоа што сакаат да израснат во добри и чесни луѓе.

„Немаме намера да одгледуваме разгалени дечишта. Има премногу разгалени деца на овој свет! Премногу идиоти! Не мораме и не сакаме да придонесеме за зголемување на таа бројка бидејќи се уште има добри луѓе“, заклучила актерката.