logo
logo
logo

“Ми кажа што ќе му се случи на светот“

Vecer | 22.01.2022

“Ми кажа што ќе му се случи на светот“

Актерот Леонардо ди Каприо (47) на промоцијата на филмот на Нетфликс „Don’t look up“ зборуваше за проблемот со климатските промени и рече дека не е оптимист околу развојот на тој проблем.

„Се сеќавам дека работев на документарниот филм „Before the flood“, за време кој го посетив шефот на НАСА, кој детално ми објасни што ќе се случува во светот во следните пет години. Го прашав „Што ќе се случи во Калифорнија?“ на што тој одговори: „Ќе има огромни пожари кои ќе уништат безброј дрвја, потоа ќе следи невидена суша и така натаму низ светот“, изјави актерот.

Тој тврди дека занемарувањето на научната заедница е срамота и рече дека корпорациите треба да дадат свој придонес доколку мислиме дека имаме позитивно решение за оваа ситуација.

„Сè се сведува на еволуцијата на свеста за нашиот вид и на одлучувањето дали да реагираме навреме. Сега експертите ни дадоа рок од девет години во кој последиците од климатската криза ќе станат појасни, пореални и неповратни. Тоа е она што не ме прави оптимист. Светот кој го гледаме денес, со сите овие катастрофи, нема да се подобри, само ќе се влоши“, заклучил Ди Каприо.

Тој вели дека е горд што е дел од филм кој сака да ја прикаже реалноста и да ја нагласи итноста од потребата да се дејствува на кој било начин што го знаеме, но смета дека трудот мора да дојде од приватниот сектор, односно од компаниите кои произведуваат 70 проценти од светските емисии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk