logo
logo
logo

Метју Меконахи и официјално нема да се кандидира за гувернер на Тексас (ВИДЕО)

Vecer | 29.11.2021

Метју Меконахи и официјално нема да се кандидира за гувернер на Тексас (ВИДЕО)

Политичките амбиции на 52-годишниот актер предизвикаа возбуда во либералните кругови, особено кај Тексашаните згрозени од одлуките на актуелниот гувернер Грег Абот, кој, меѓу другото, го потпишал многу рестриктивниот закон за забрана на повеќето абортуси.

„Јас сум едноставно дете од градот Увалде во Тексас и не ми паѓа на памет дека еден ден би можеле да ме сметаат за политички лидер“, рече тој во триминутното видео објавено на социјалните мрежи.

Анкетите покажале дека Меконахи ќе помине подобро од неговите потенцијални противници, Абот и Бет О’Рурк, поранешен претседателски кандидат на Демократската партија, кој влезе во трката на почетокот на ноември.

Актерот рече дека решил да се фокусира на поинаков начин да им служи на луѓето од Тексас. Тој зборувал за обврските и проблемите со кои се соочува локалната и државната политика.

Тој исто така рече дека додека размислувал за можноста да се кандидира, слушал, проучувал и го анализирал Тексас и американската политика, обидувајќи се да утврди како најдобро може да им служи на жителите.

Меконахи истакнал дека неговите размислувања за државната и националната политика го навеле да заклучи дека „има проблеми што мора да се решат“ и дека „на американската политика и треба нова цел бидејќи постои целосна поделба што треба да се излечи“.

Тој вети дека ќе продолжи да ги поддржува компаниите и фондациите чии лидери ги смета за успешни лидери кои им овозможуваат на луѓето да го остварат „американскиот сон“ - успех и просперитет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk