logo
logo
logo

Метју Меконахи не сака да стане гувернер на Тексас: „Не би можел да бидам политички лидер“

Vecer | 29.11.2021

Метју Меконахи не сака да стане гувернер на Тексас: „Не би можел да бидам политички лидер“

Оскаровецот Метју Меконахи (52) во неделата објави на Инстаграм дека засега не планира да се кандидира за гувернер на Тексас, по неколкумесечните шпекулации за исчекорот на актерот во политички води.

Политичките амбиции на 52-годишниот актер предизвикаа возбуда во либералните кругови, особено кај Тексашаните згрозени од одлуките на актуелниот гувернер Грег Абот, кој, меѓу другото, потпиша многу рестриктивен закон за забрана на повеќето абортуси.

- Јас сум едноставно дете од градот Увалде во Тексас и не ми паднало на памет дека еден ден би можел да ме сметаат за политички лидер - вели тој во триминутното видео објавено на Инстаграм.

Анкетите покажаа дека Меконахи ќе помине подобро од неговите потенцијални противници, Абот и Бета О’Рурк, поранешениот претседателски кандидат на Демократската партија, кој влезе во трката и во почетокот на ноември.

Актерот рече дека решил да се фокусира на поинаков начин да им служи на луѓето од Тексас. Тој зборуваше за обврските и проблемите со кои се соочува локалната и државната политика. Тој исто така рече дека додека размислувал за можноста да се кандидира, слушал, проучувал и ги анализирал Тексас и американската политика, обидувајќи се да утврди како најдобро може да им служи на жителите.

Меконахи истакна дека неговите размислувања за државната и националната политика го навеле да заклучи дека „има проблеми што треба да се решат“ и дека „на американската политика и треба нова цел бидејќи постои целосна поделба што треба да се излечи“.

Тој вети дека ќе продолжи да ги поддржува компаниите и фондациите чии први луѓе ги смета за успешни лидери кои им овозможуваат на луѓето да го остварат „американскиот сон“ - успех и просперитет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk