На годинашното 28. по ред издание на познатиот интернационален музички фестивал Охрид Фест – Охридски трубадури, кој се одржуваше од 10-11.09., Мелани Тарчуловска ја освои престижната награда Долни Сарај.

16-годишната Мелани за прв пат застана пред камерите и покажа дека дури и на оваа возраст може да се постигне голема професионалност во музиката.

Мелани на сцената блесна со преубав стајлинг и настапи со балада која ги освои срцата на публиката и стручното жири.

Песната се вика “А ти”, за која текстот и музиката се дело токму на младата Мелани, додека аранжманот се погрижи Иле Спасов.

Несомнено Мелани ја чека блескава музичка кариера и допрва ќе не’ радува со нови хитови.

Минатата година Мелани Тарчуловска учествуваше на меѓународниот фестивал „Golden Voice“ кој се организираше во Малта.

Таа го освои второто место на “Golden Voice Malta 2020”, а на кој имаше учесници од над 30 држави во светот.

По огромниот успех, 15-годишната Мелани им се заблагодари на своите фанови и на цела Македонија:

“Мене прв пат ми се случува и јас не знам како да се обратам, ама ќе бидам исрена навистина сум пресреќна. Мојот животен сон е музиката, таа е мојот воздух.
Пријатели ви благодарам што ме поддржавте на YouTube каналот. Македонијо моја ви благодарам на сите,, без вашата поддршка и наградата е ништо”.
Почитувано жири од 39те држави ви благодарам за втората освоена награда и што верувавте во мене. Почитувани медиуми од Македонија ви благодарам и вам што застанавте позади мене, што ме поддржавте и што ми дадовте поттик да бидам уште подобра.
Пред се сум горда што ја претставував нашата држава Република Македонија и јас со мојата возраст го доживеав првиот успех за кој што сум сигурна нема да биде последен.
ВЕ САКАМ СИТЕ И ВИ БЛАГОДАРАМ❤️ Мелани”