logo
logo
logo

Меган Маркл всушност не се вика така, ова е нејзиното име!

Vecer | 30.04.2021

Меган Маркл всушност не се вика така, ова е нејзиното име!

Како и многу други светски познати ѕвезди така и војвотката од Сасекс во јавност го користи своето средно име Меган, всушност нејзиното вистинско име е Рејчел Меган Маркл. Токму совпаѓањето на нејзиното име со името на ликот кој го глумеше во познатата серија "Suits" е тоа што ги воодушеви нејзините обожаватели.

Нејзиното цело име за прв пат беше во фокусот на јавноста кога кралицата Елизабета II ја благослови свршувачката со нејзиниот внук Хари. Таа во официјалното известување на јавноста изјави дека го поздравува бракот на нејзиниот внук принц Хенри Чарлс Алберт Дејвид од Велс и Рејчел Меган Маркл.

Како што можете да видите и нејзиниот сопруг не го користи името кое го добил со раѓање.

Меган и Хари се венчаа на 6 мај пред три години, заедно го имаат синот Арчи, а наскоро ќе ја добијат и својата ќерка. Кралскиот пар неодамна ја шокираа јавноста со своето интервју кај познатата водителка Опра Винфри за својот живот во палатата, од која се иселија минатата година откажувајќи се од своите кралски должности.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk