И се укажа чест да го отклучи тајниот трезор...

Меган Маркл за венчањето одбрала тијара на Кралицата Мери од 1911 година

Се шпекулирало за тоа дали Меркл ќе ја  одбере тирадата онаа која ја носела принцезата Дајана

Дијамантската тијара која денеска ја носеше на веначањето со Принцот Хари ја носеше Меган Маркл, била на кралицата Мери која е крунисана заедно со сопругот кралот Џорџ V 1911 godina.

Тијарата Маркл ја одбрала од трезорот на британската монархија стар 125 години, и била специјално изработена за кралицата Мери да одговара со брошот кој го добила 1893 година како подарок за верибата со тогашниот принц Џорџ, пренесува АП.

Таа драгоценост во наследство ја добила Кралицата Елизабета II, баба на принцот Хари, која била заклучена во трезорот во кој чувала стотина тијари.

Спрема кралската традиција, кралицата Елизабета требала да и дозволи на Меркл да позајми една од тие драгоцености на денот на венчањето со Хари, наведува агенцијата.

Со месеци пред кралското венчавање се шпекулирало за тоа дали Меркл ќе ја продолжи традицијата на носење тијара и доколку продолжи, дали ќе ја одбере онаа која ја носела принцезата Дајана.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари