logo
logo
logo

Меган ги обвини Кејт, Камила и Чарлс-Во кралскиот двор се ПОДГОТВУВА ИСТРАГА

Vecer | 05.03.2021

Меган ги обвини Кејт, Камила и Чарлс-Во кралскиот двор се ПОДГОТВУВА ИСТРАГА

На британскиот кралски двор започна вистинска војна помеѓу сегашните и поранешните членови на славното семејство, а вработените кои ѝ служеа на Меган Маркл наводно решиле да зборуваат за мобингот што го претрпеле од сопругата на принцот Хари.

Меган Маркл ги обвини Кејт Мидлтон, Камила Паркер и принцот Чарлс за сите грди приказни што кружат за неа и кои протекоа во јавноста во времето кога таа живееше во британскиот двор, пишува Дејли меил.

Овие обвинувања се појавија само неколку дена откако избувна нов скандал - дека вработените во палатата претрпеле вистински терор од поранешната американска актерка.

Палатата објави дека ќе се спроведе детална истрага за овој случај.

Меган ги негираше овие обвинувања, инсистирајќи на тоа дека Бакингемската палата им дала на новинарите лажни информации за неа. Многу деталите кои ги дадоа Меган и Хари во интервју за Опра Винфри, од која кралското семејство наводно стравува, особено поради здравствената состојба на принцот Филип, кој вчера беше опериран од срце.

Како ќе се одвиваат работите и како ќе продолжи или ќе заврши оваа „војна“, останува да видиме по преносот на интервјуто што го очекува половина свет. А ќе се пренесува утре.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk