logo
logo
logo

Мажот на Витни Хјустон со ШОК ТВРДЕЊА: Пејачката се забавувала со оваа жена, денес ќе била жива да ја прифатела (фото)

Vecer | 03.04.2021

Мажот на Витни Хјустон со ШОК ТВРДЕЊА: Пејачката се забавувала со оваа жена, денес ќе била жива да ја прифатела (фото)

Пејачката никогаш не признала дека е бисексуалка.

Бившиот маж на Витни Хјустон изнел шокантни тврдења за славната пејачка. Тој изјавил дека Витни била бисексуалка и дека била во врска со Робин Крафорд. Оваа љубов имала несреќен крај и тој смета дека тоа бил еден од факторите кој ја довеле Витни до трагичен крај.

Боби Браун моментално промовира своја автобиографија "Every Little Step", а во новото интервју потврдил дека меѓу Витни и Робин постоело нешто повеќе од пријателство.

- Јас ја знам вистината. Бевме во брак 14 години и таа се ми раскажа – рекол тој.

Витни со години ги негирала гласините дека е бисексуалка и дека е во врска со Робин, која ја запознала уште во Њу Џерси, пред да стане славна.

Пејачката тогаш имала 16 години, а Робин 19. Тие две со тек на време станале неразделни. Биле цимерки, па поради тоа се зборувало дека се повеќе од пријателки. Робин подоцна станала асистентка на Витни и креативен директор, каде што често се појавувала на јавни настани. Тоа го забележале и медиумите, со што гласините за нивната врска се прошириле. И двете тоа го демантирале.

- Луѓето изнесуваат разни заклучоци кога ќе ме видат со Робин. Зошто тоа го интересира било кој? Нека зборуваат. Тоа не ми пречи, бидејќи знам дека не сум геј – рекла Витни во едно интервју.

Но, набрзо откако Витни се омажила за Боби Браун 1992 година, а Крафорд и била кума на венчање, тие две почнале да се одалечуваат.

После смрта на Витни, нејзината мајка Сиси Хјустон изјавила дека не и дозволувала на керкаси блиска врска со Робин. Браун тврди дека тоа влијаело за трагичниот крај на Витни.

- Навистина мислам дека Витни ќе беше суште жива денес, да била прифатена Робин во нејзиниот живот – рекол пејачот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk