НОВО ФОЛК ИМЕ

Мартин се пробива со "Маре, мори Маре"

Младиот фолкер Мартин Стојаноски, кој пред некоја сезона на јавноста и се претстави преку музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд", деновиве ја промовира својата нова песна во која, како што вели, многу верува.

"Песната е дело на Далибор Ѓошиќ, музика текст и аранжман, а снимена е во студиото на Љупчо Соколовски. Гостин во песната е и виртуозот на хармоника, Мишел", вели Мартин, кој веќе има снимени неколку композиции, и тоа дел со бендови со кои соработувал, дуети, но и негови авторски.

"„Маре мори Маре" е моја втора авторска песна и на истата гледам со голем оптимизам, односно се надевам дека ќе им се допадне на слушателите", додава младиот пејач и уште открива дека наскоро за песната ќе снима и спот.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари