logo
logo
logo

Марк Волберг НЕ СМЕЕ да оди на натпреварите на неговите деца: „Тешко е, но ја почитувам нивната одлука“

Vecer | 23.07.2021

Марк Волберг НЕ СМЕЕ да оди на натпреварите на неговите деца: „Тешко е, но ја почитувам нивната одлука“

Актерот Марк Волберг (50), кој има четири деца со сопругата Реа Дурам (43) неодамна откри како славата влијае на неговото татковство, пишува Entertainment Tonight.

Тој изјави дека дава сѐ од себе неговите деца Ели (17), Мајкл (15), Брендан (12) и Грејс (11) да имаат понормален живот.

„Има добри страни да се биде славен, а има и многу лоши“, започна Валберг.

- Моите деца сакаат да имаат свој идентитет, разбирате? Значи, не ми е дозволено да излегувам од автомобилот за време на нивниот тренинг по кошарка или фудбал. Морам да седам во автомобилот и да гледам - ​​рече актерот.

- Отпрвин бев навреден, бидејќи сакам да бидам со нив и да ги охрабрувам. Но, им помагам да се чувствуваат пријатно во она што го прават и да имаат свое јас - објасни Валберг.

Тој призна дека сè уште му е тоа многу тешко.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk