logo
logo
logo

Марјановиќ се спаси од мозочниот удар на концертот на Брена, но му се предаде на корона вирусот

Vecer | 15.05.2021

Марјановиќ се спаси од мозочниот удар на концертот на Брена, но му се предаде на корона вирусот

Ѓорѓе Марјановиќ, легендарниот пејач ја загуби битката со коронавирусот. Познатиот музичар беше голема ѕвезда во Југославија. Создаваше прекрасни песни, а и ден-денеска се зборува за неговите сценски настапи.

На концерт на Лепа Брена во Мелбурн, далечната 1990 година доживеа мозочен удар на сцена додека ја пееше песната „Мене нема кој да ме жали“.

-На концертот во Мелбурн пред повеќе од две децении на кој гостин беше Лепа Брена, тато имаше мозочен урад. Беше страѓно. Мама замина за Австралија, а јас беспомошно дома чекав да се породам. Наталија тогаш имаше настап на Белградска пролет Новинари се собираа пред нашата куќа, некои и на сила се обидуваа да влезат внатре. Се породив две недели подоцна и едвај чекав тато да дојде дома, да го види своето прво внуче. Мама и Наталија го вратија тато во живот Долго после тој мозочен удар не сакаше да излезе од дома. Требаше доста време да почне нормално да живее – вели неговата ќерка Невена.

Говорот после тој мозочен удар го изгуби целосно, но подоцна му се врати. До последен ден зборуваше тешко, но можеше да пее.

-Фасцинантно е како тато пее. Најнормално ги изговара зборовите од текстовите на неговите песни. Дали е тоа некој автоматизам или којзнае што е, но лекарите се изненадени – вели Невена во едно интервју.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk