Една од најпознатите авторки на бројни хитови редионот, 67-годишната Марина Туцаковиќ, со години води битка против ракот, и моментално е во шестиот циклус на хемотерапија. Како што и самата нагласи во неколку наврати,  некои денови е добро, но некогаш е многу лошо. Ситуацијата за жал е иста.

„Така се чувствувам. Ситуацијата постојано варира, понекогаш се чувствувам добро, понекогаш се чувствувам лошо. Редовно одам на лекар и на терапии. Јас сум ослабена, но сепак се борам. Така се чувствувам. Седам дома, правам песни, но има малку мелодии. Се обидувам да не се дружам со никој поради короната, се борам со себе. Времето е депресивно, луѓето се депресивни, сè запре. Нема повеќе големи собири, концерти, пејачите одат кон лошо“, изјави Марина

„Каде ќе најдам поголема болка од она низ што минувам? Сè уште не би го ставила во песни. Во тешки ситуации, песната ‘Кукавица’ ми помага најмногу, ја доживувам и е хит за сите времиња. Не можам да кажам омилена, но секогаш сум среќна кога ја слушам“

Иако може да изгледа тажна и уништена, Марина е позитивна цело време. „Знаете, јас гледав на подобрата страна целиот мој живот. Јас сум голем оптимист, верувам дека сето ова ќе биде многу добро “, рече таа

За потсетување, нејзиниот сопруг неодамна зборуваше со јавноста. „Што да  кажам … Целата оваа ситуација околу вирусот уште повеќе влијае на нејзината состојба. Цело време е заклучена дома, лошо се движи затоа што не и е дозволено. И сето ова води кон депресивна состојба. Марина сега започна со шестиот циклус на хемотерапија, нормално е дека е болна“, рече тој