logo
logo
logo

Марина Туцаковиќ НЕ е ДОБРО! После синот, се огласи и сопругот

Vecer | 14.09.2021

Марина Туцаковиќ НЕ е ДОБРО! После синот, се огласи и сопругот

Хитмејкерката Марина Туцаковиќ, која со години води борба за сопствениот живот, се чувствува лошо, се гуши, а веста во јавноста ја објави нејзиниот син Милан Лаќа Радуловиќ. Сега се огласи и татко му Фута, кој рекол дека на Марина не и е добро.

- Марина не може да зборува, не се чувствува добро, не е добро. Се слушаме друг пат, рекол Фута за медиумите во соседството.

После ова се огласил и Лаќа кој рекол дека моментално не може да зборува.

- Разберете ме, ве молам разберете не, не ни е лесно. Кога ќе бидам во состојба да зборувам, ќе го сторам тоа, рекол и додал: „Само имајте добри мисли.“

Синот на Марина утринава на Твитер упати апел за помош. Околу 10:30 тој објави загрижувачка порака која ги шокираше сите.

-Помош!!! Мајка ми има тешко гушење. Теренската служба може да дојде дури во 2 попладне, што може да биде доцна. Во Ковид центарот не сака да оди. Дали некој има број од стручно лице кое би можело да дојде најскоро што може. Ние сме на Врачар во Белград, пишете ми во ДМ. Ви благодарам, објави на својот Твитер-профил синот на Марина.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk