logo
logo
logo

Марина Туцаковиќ ја напиша последната песна за 10 минути: „Тоа е Марина, затоа беше најголема“

Vecer | 11.10.2021

Марина Туцаковиќ ја напиша последната песна за 10 минути: „Тоа е Марина, затоа беше најголема“

Моду и слободу, одувијек волим ја, остало у ходу може, а и не мора. Ноќни провод, луде забаве, само ме могу поправити..., ова се последните стихови кои ги напиша легендарната Марина Туцаковиќ за финалистката на Ѕвезде Гранда, Ивана Богичевиќ, пишува Курир. 

Патем, Марина ги напиша стиховите на барање на менторката на Ивана, Ана Бекута. Таа ги напиша во наплив на инспирација за десетина минути.

-  Мојата менторка Ана ја викна за да ја слушне мелодијата. По десет минути таа ме побара и ми рече, погледни го текстот, ти го испратив. Не можев да поверувам каков текст напиша Марина. Како да ме знае. - рече Ивана и додаде:

Ја прашав менторката дали и кажала за тоа каква личност сум, бидејќи песната совршено ме опишува. „Не, тоа е Марина, затоа е и најголема“, ми рече менторката - откри Ивана.

Да потсетиме, Марина почина на 19 септември на 67 -годишна возраст. Пејачката зад себе остави бројни хитови што ќе се играат во домовите на многумина уште долго време.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk