logo
logo
logo

Марина Туцаковиќ е во лоша состојба! Животот и е во опасност и нема ниту 40 кг

Vecer | 17.09.2021

Марина Туцаковиќ е во лоша состојба! Животот и е во опасност и нема ниту 40 кг

Марина Туцаковиќ, која поради лошата здравствена состојба во вторникот беше хоспитализирана, се наоѓа во една белградска клиника и под будното око на лекарите. Освен тешката малигна болест со која се бори со години, корона вирусот дополнително и ја влошил состојбата.

Според зборовите на проф. д-р Пеѓа Савиќ, заменик-директор во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“, познатиот текстописец и понатаму е во животна опасност.

- Некаде прочитав дека Марина не е на респиратор, но жената е во исклучително лоша состојба, првенствено заради својата малигна болест, а ковидот само дополнително ја влошил состојбата. Жена во таква состојба би ја однел и грип, а особено вакво нешто, рекол проф. д-р Савиќ.

Тој открил и дека Марина и понатаму респираторно е нестабилна со метастази на белите дробови и корона...

- Марина се наоѓа на одделот за интензивна нега и е животно загрозена. Интубирана е кога е примена во болницата и е приклучена на респиратор, со максимален проток на кислород. Жената е во екстремно лоша состојба, не заради короната, туку заради малигната болест. Кога ја видов не личи на себе, се стопила, нема ниту 40 кг, рекол проф. д-р Савиќ за медиумите во соседството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk