logo
logo
logo

Марина му ги подари најубавите стихови, а тој ја остави за помлади девојки

Vecer | 20.09.2021

Марина му ги подари најубавите стихови, а тој ја остави за помлади девојки

Со децении, главната поддршка за хитмејкерот Марина Туцаковиќ беше нејзиниот сопруг Александар Радуловиќ Фута, а пред него во 1970 -тите години Марина бвеше во љубов со пејачот Оливер Мандиќ (67), кој во тоа време беше на почетокот на својата кариера. Иако во јавноста речиси и да не се зборуваше за оваа романса, тие двајца беа вљубени четири години, а Оливер еднаш потврди дека Марина страда за него.

- Јас и Марина бевме во врска четири години. За време на нашата средба, таа ми ја напиша песната „Ljuljaj me nježno“. Откако ја објавив таа песна, раскинавме. Ја оставив за помлади и поубави девојки. Тогаш започна лудилото во мојот живот, а таа веројатно патеше. Нашата соработка продолжи и по раскинувањето. И благодарам што ми напиша прекрасни стихови и после тоа на моите албуми. Таа ги направи сите песни за мене, освен „Dodze mi da vrisnem tvoje ime“ и „Bobane“ - изјави Мандиќ за српските медиуми пред неколку години.

- По раскинувањето, останавме во добри односи. Таа е двојна Шкорпија, најмногу сака пари - додава Мандиќ.

Иако тврдеше дека тие никогаш не ја криеле својата љубов, Марина рече дека не се сеќава на сите детали од романсата со Мандиќ.

- Тоа беше толку одамна. Веќе не се ни сеќавам. Оливер беше сладок млад човек, секогаш негуван и сосема поинаков. Носеше кошули и панталони. Не се криевме, но во тоа време никој не беше заинтересиран за нашата врска - изјави тогаш Туцаковиќ.

Марина тогаш откри дека таа е главниот „виновник“ за Оливер да стане пејач.

- Имаше прекрасни песни, но не сакаше да пее. Го убедив дека треба да пее, а не да им дава песни на другите. Тој не е голем пејач како Харис Џиновиќ, но имаше специфична боја и начин на пеење. Со него постигнав голем успех, како и тој со мене. Неговите песни ќе живеат вечно - рече Марина пред неколку години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk