logo
logo
logo

СЕ*С СКАНДАЛ:

Маријана „лапнала“ 100 000 и скапоцен автомобил да молчи дека имала афера со оженет фудбалер

Vecer | 07.04.2021

Маријана „лапнала“ 100 000 и скапоцен автомобил да молчи дека имала афера со оженет фудбалер

Според пишувањата на српски Курир, дизајнерката Маријана Матеус, инаку бивша жена на фудбалската легенда Лотар Матеус, била спремна во јавноста да пушти експлицитно видео, но се откажала кога добила „пристојна“ сума.

Маријана наводно го снимала сексот со познат фудбалер кој игра во Англија, а откако ставиле крај на врската почнала да го уценува со видеа и фотографии, дознава Курир.

Фудбалскиот луб во кој игра нејзиниот екс љубовник и дал 100 000 евра и џип мерцедес за да молчи. Инаку, тие биле една година во тајна секс - комбинација, која се завршила откако фудбалерот дознал дека неговата сопруга е бремена по трет пат. Тогаш всушност и настанала целата гржва, од која Маријана добро профитирала.

А се почнало кога Маријана, тврдат добро известени извори, му се заканила дека ќе објави нивно видео и фотографии. Тој освен што е во брак во моментот бил и еден од најплатените играчи, па не смеел да си дозволи таков скандал. Нервозата кај играчот брзо ја забележале и во клубот, а на водечките луѓе морал да им признае што му се случува.

Инаку, фудбалерот е мошне ценет на теренот и во тоа време бил еден од водечките играчи од Србија во Англија па тренерите никако не сакале да дозволат да пукне брука и да му пропадне сезоната, па ја подмириле Маријана. Снимка за ќеш и автомобил!

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk