logo
logo
logo

Марија Шерифовиќ се вози во бизнис класа, а шверцува паштети и леб!

Vecer | 25.02.2021

Марија Шерифовиќ се вози во бизнис класа, а шверцува паштети и леб!

Марија Шерифовиќ паузата од снимањето на Ѕвездите на Гранд ја искористи за патување во Америка. Во моментов таа се наоѓа во Лос Анџелес, а во првиот влог од патувањето покажала што прави додека е во авион. На изненадување на многумина, пејачката открила дека со себе понела леб и паштета во кои слатко си уживала за време на долгиот лет.

- А сега почнува спектаклот. Вистина е дека летам со бизнис класа, затоа што имам разни кичмени болести и не можам да седам 15 часа и подолго. И обично она што оди со бизн класата се шампањско, шкампи... И тоа е ок, ама јас сакам нешто поинаку. За време на летот се јаде паштета! Не го потценувајте ова, вели Марија и пред камерата ги покажала „шверцуваните“ леб и паштета.

Признава и дека и недостасуваат јогурт и домат.

- Здрав леб си понесов од дома. Реално, сакав да земам и домат, ама ми беше срам, признава Марија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk