Мало гратче ,,улови” 58 000 возачи кои возеле пребргу за само две недели

Гратче во Италија во кое живеат околу 120 жители постави рекорд според бројот на казни за пребрзо возење.

За само две недели биле регистрирани 58 568 сообраќајни прекршоци за пребрзо возење. Градоначалникот Алесандро Алесандри ја поставил камерата со радар откако десетина од 120-те жители се пожалиле дека низ гратчето се вози пребргу.

Но, дури и тој тешко можел да поверува во резултатите што стигнале на неговото биро.

Податоците покажуваат дека, во просек, брзите автомобили минувале на секои неколку минути во зоната од 50 километри на час, а најбрз бил возач со 135 километри на час "Навистина е лудост, имајќи во предвид дека жителите нормално се движат низ местото и го преминуваат патот", изјави градоначалникот Алесандри за италијанската агенција Анса.

"Се надеваме дека овие мерачи на брзина можат да бидат ефективна пречка за возачите и дека тие можат да имаат корист од граѓаните на Aкватико, бидејќи ние не сакаме да заработиме пари со казните, туку да се заштити безбедноста на луѓето", изјави градоначалникот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари