logo
logo
logo

Македонскиот јутубер Стефонатор: „Имам рак на тестиси на 23 години, минав операција, хемотерапија, а ме чека уште пат!

Vecer | 04.03.2021

Македонскиот јутубер Стефонатор: „Имам рак на тестиси на 23 години, минав операција, хемотерапија, а ме чека уште пат!

Познатиот македонски јутјубер Стефан Рашковиќ, познат како Стефонатор во отворена исповед преку неговиот јутјуб-канал, откри дека во последните неколку месеци ја води најтешката животна борба.

Стефан во јули 2020 година, на 23-годишна возраст, дознал дека има тумор во тестисите и дека ќе му биде потребна операција и долг процес на заздравување.

– Нешто што не сум го кажал досега, последните месеци кога ме имаше на Јутјуб како да ме немаше, видеа во кои мене лично ме немаше, зошто ме нема сега со ново видео, зошто не бев баш присутен… Јас летото 2020 година почувствував болки во тестисите, ми препишаа антибиотици, извесно време болките ги снема, но, неколку дена потоа почувствував нешто чудно, и мислев дека има потреба да одам на лекар. Ми направија дополнителни испитувања. 23 јули 2020 е ден што никогаш нема да го заборавам, ми дијагностицираа тумор – ја почнува емотивната исповед Стефан.

– Најлошото во тој момент што можеш да го направиш е да пребаруваш на интернет, читаш тоа што не треба да го читаш, си создаваш илјада сценарија, помислуваш веднаш на најлошото, во тој момент во мојата глава се случуваше хаос – вели Стефан во видеото.

[embed]https://www.youtube.com/watch?time_continue=885&v=bQK0I5MbQiI&feature=emb_title[/embed]

– Лекарите ми рекоа да се оперирам, што побрзо толку подобро, да не чекам подолго од еден месец. Јас чекав да помине мојот роденден, и потоа веднаш се оперирав – додава Стефан.

Младиот јутјубер раскажал дека поминал четири циклуси на хемотерапија во текот на неколку месеци, при што имал и компликации, но и дека поради тоа што зафатот бил неуспешен, пред него е уште една операција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk