Македонскиот филм „Враќање“ во строгата селекција на фестивалот во Олденбург

На филмскиот фестивал во Олденбург, Германија, кој поради неговиот висок рејтинг и силните критериуми на селекција го нарекуваат уште и европски „Санденс“, во официјалната конкуренција ќе биде прикажан македонскиот филм „Враќање“ во режија на Кастриот Абдули, соопшти Агенцијата за филм.

На ова 25. јубилејно издание на меѓународниот фестивал што ќе се одржи од 12-16 септемеври, претставниците од Агенцијата за филм во Олденбург од 13-17 септември ќе учествуваат на настанот ‘MatchBox Coproduction Lounge’ “, соопшти Агенцијата за филм.

Учеството на Агенцијата ќе биде најавено и на отворањето на фестивалот а на покана на директорот на фестивалот, господинот Торстен Њуман на 15 септември, Агенцијата за филм ќе има можност да ја претстави Македонија како атрактивна дестинација за снимање (филмски локации) и ќе ја афирмира законската регулатива со која се овозможува поврат на средства од копродукциски услугу и филмски сервис.

Агенцијата ќе се претстави со учество на проекти во развој во официјалната програма на овој настан, ќе биде присутна и во печатените фестивалски рекламни материјали, организирани се и низа интервјуа од страна на претставници на фестивалот како и на фестивалската веб страница.

Олденбург филм фестивал е посветен на иновативни, независни филмови со силен авторски печат и е еден од најзначајните филмски фестивали во светот а за тоа зборува и фактот што Variety, Hollywood Reporter и Screen International меѓу другите му ја доделија титулата “Европскиот Санденс” .

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари